Млада Црногорка донираше кожа за момче кое страдало од струен удар

Сподели со своите пријатели

Дваесет и тригодишна девојка од Подгорица Ангела Лукачевиќ направила храбар чекор и донирала кожа за Хамед Хасановиќ (28) кој кон почетокот на август бил тешко повреден на градилиште на автотпат.

Loading...

Хасановиќ на 1ви август бил повреден во струен удар на пруга додека преку шините пренесувал жици за армирање. Се здобил со тешки изгореници на 60 отсто од телото.

По згрижувањето во Клиничкиот центар во Подгорица, лекувањето го продолжил во Белград.

Поради тежината на повредите лекарите морале да направат тарнсплантација на кожата, а донор покрај неговото семејство, била и една девојка од Подгорица.

Кога слушнала за несреќата, АНгела одлучила да му донира кожа од двете страни на своите бутови.

Ангела рекла дека Хамед е маж на нејзина пријателка и дека интервенцијата била направена во Белград, каде моментално заздравува.

Leave a Reply