Млад милионер бара асистент, плата од 30.000 евра

Сподели со своите пријатели

Младиот милионер Метју Лепре (29) бара приватен асистент кој ќе го плаќа околу 32.000 евра за да патува и престојува со него во големи хотели во разни градови и држави.

Loading...

Метју живее во Сиднеј, но со својот асистент ќе патува во Јапонија, Дубаи и САД каде ќе држи предавања во компании.

Освен што ќе присиствува на сите негови работни состаноци, неговиот асистент ќе мора да работи на промоција на неговиот бизнис и неговите профили.

Овој успешен бизнисмен месечно заработува околу 70.000 евра, а на својот иден асистент ќе му исплаќа 30.000 евра.

– Платата секако зависи од претходното искуство на мојот асистент, како и од неговите вештини. Здравственото осигурување исто така ќе биде платено. Често патувам поради работа и уживам во овој начин на живот, сакав некому да пружам шанса во сето тоа да ужива со мене, рекол тој.

Тој од идниот асистент ќе бара важечки пасош, добри компјутерски вештини и да биде подготвен да работи повеќе задачи одеднаш.

Метју од факултетот се откажал кога имал 23 години и сам основал свој бизнис и сега на сметката има милиони.

Од своите потенцијални кандидати бара да снимат видео во кое ќе се претстават и да му го испратат во апликацијата за работа.

Loading...

Leave a Reply