Митрески: Промена на Деловникот на Собранието за пратениците во изолација да можат да работат

Сподели со своите пријатели

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески денеска изјави дека на координативната средба во Собранието ја објаснил потребата од промена на Деловникот со цел воведување работа на далечина, а негов предлог било тоа да биде само за пратеници кои имаат решение за изолација.

Loading...

-Тоа значи дека само оние пратеници кои се заболени или пак се наоѓаат во изолација поради контакт со заболено лице, присуствата на седниците на Собранието и на работните тела да можат да ги извршуваат онлајн, рече Митрески.

Тој потенцира дека во време на сериозни предизвици, на граѓаните им се потребни институции со целосен капацитет, а на граѓаните им е потребно Собрание кое ќе биде во можност да ги извршува своите функции и во вакви околности.

Според него, вакви примери на комбинирано работење на Парламентите има низ целиот свет.

-Како одговорни пратеници и како владејачко мнозинство нема да дозволиме нефунционалност на државата во борбата со Ковид. Не смееме да оставиме држава без донесен ребаланс на Буџет, потоа без донесен Буџет за 2021 години или други битни работи кои се од интерес на граѓаните, компаниите, економијата, институциите во вакви тешки моменти и за нас и за светот, рече Митрески.

Пратениците, како што кажа, треба да им служат на граѓаните во секакви околности, вклучувајќи ја и панемијата.

Елизабета Велјановска-Најдеска

Leave a Reply