Мистериозно откритие кај Антарктик предизвика жешка расправа: Тоа не е обичен глечер! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Теоретичарите на заговор се убедени дека пронашле „леден брод“ на 160 километри крај брегот на Антарктикот.

Loading...

Откритието беше објавено на YouTube од страна на корисникот MrMBB333 пред три дена, а од тогаш се појавија голем број теории.

Тоа е глечер, сместен јужно од Нов Зеланд, но многумина се убедени дека тоа не е глечер, туку брод.

– Има форма на брод. Долг е 120 метри и личи на брод. Леден брод ако сакате да го наречете така, но јахтата долга 120 метри лежи таму на брегот на Антарктикот – рече овој јутубер во видеото.

 

 

Откако го објави видеото, излегоа голем број други теоретичари на заговор.

Loading...

„Пред неколку години, бев загрижен дека постојат бродови некаде под земја на источниот брег, кои беа изградени за да ги спасат богатите и моќните кога Канарските острови ќе го погоди силен земјотрес што ќе го избрише источниот брег“, коментира еден теоретичар на заговор.

Други веруваат дека тоа е руина на бродот под мразот, додека некои се убедени дека тоа е всушност Ноевата арка.

Теории во секој случај, не недостасуваат.

 

Leave a Reply