МИСТЕРИОЗНА КАРПА КОЈА НОСИ ЈАЈЦА: На секои 30 години се случува чудо (видео)

Сподели со своите пријатели

Клисурата од која излегуваат јајца звучи како некоја митолошка легенда, но сепак, овој геолошки феномен не само што е реален, туку и редовно се повторува, само што карпата не раѓа вистински јајца, туку камења со јајцевидна форма.

Една од таквите мистериозни карпи се наоѓа во Кина, југозападната провинција Гуејџоу. Најблиското село има само дваесетина домаќинства, но станаа познати поради тие необични камени јајца, а до сега собрале 68 парчиња.

Мистериозна појава на небото ја крена Британија на нозе (фото+видео)

Loading...

Имено, во редовнен интервал од триесетина години, карпата висока околу шест метри исфрлајајцевиден камен кој потоа паѓа во нејзиното подножје. Според зборовите на локалното населени во близина се наоѓаат уште неколку помали камени јајца.

Карпата е градена од вообичаен тип на варовнички карпи кои настанале пред околу 500 милиони години во камбрискиот период.

Јајцата се изградени од тешки остатоци на седименти, објаснуваат експертите. Поради тоа, при ерозија, изгледот на карпата се менува побргу при продолжени дождови или изненадни клизишта. Само формата на јајца веројатно доаѓа од водата, иако на научниците не им е јасно зошто ниту како ги има толку многу „вградено“ во карпите.

МИСТЕРИОЗЕН РАДИО СИГНАЛ: Никој не знае од каде доаѓа, а се јавува секој ден (видео)

Такви кружни камења се јавуват и во други делови на светот, пример во Колорадо, но никаде во форма на јајце како во Кина.