Жителите на британскиот град Биркеншоу виделе на небото огромен црн прстен од непознато потекло.
Во почетокот сведоците се сложиле дека црниот прстен има форма на чад од пожар. Меѓутоа, пожарникарите соопштиле дека во околното подрачје немало пожари.
Потоа жителите се обратиле до метеоролошката служба, но нивните експерти исто така не можеле да ја објаснат природата на овој феномен.
Уфолозите веднаш во мистериозниот прстен виделе сонда на вонземјани, која наводно ја следи Земјата. Исто така се појавила и верзија за портал во паралелен свет.
Случајот во Велика Британија не е прво појавување на ваквите прстени. Сличен објект на 27 април 2016 година бил снимен на небото над Дизниленд во Калифорнија.
Loading...
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.