Мирковски останува тренер на КК Куманово и следната сезона

Сподели со своите пријатели

Владимир Мирковски ќе остане тренер на Кошаркарскиот клуб Куманово и во текот на следната сезона, а денеска во просториите на клубот беше официјализиран договорот со раководството на прволигашот.

Loading...

Мирковски на тренерската позиција во Куманово дојде во 2020 година, по што во јануари минатата година си замина и на негово место дојде Игор Ѓорѓиевски. Сепак по серијата порази тој повторно се врати на тренерската позиција и со Куманово годинава се избори за опстанок во Првата кошарска лига и покрај финансиските проблеми со кои се соочи клубот.

Во својата богата кариера Мирковски освен на тренерската позиција во Куманово, ги предводел и тимовите на ФМП и МЗТ Скопје.

Никола Ивановски