Министерството не издвои пари за фестивалот „Денови на комедија“

Сподели со своите пријатели

Театарскиот фестивал „Денови на комедија“ кој 22 години по ред се одржува во Куманово оваа година е доведен во прашање, откако Министерството за култура не издвои финансиски средства за неговото одржување.

Loading...

Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ која е носител на проектот поднела предлог проект на повикот Годишна програма на поддржани проекти.

Во краток разговор, директорот на установата Сашо Тодоровски рече дека сите биле изненадени од одлуката и очекува дека ќе има одредени измени во однос на објавениот конкурс.

– Изненадени бевме од одлуката, но ќе се направат измени и очекуваме позитивна разврска. Фестивалот нема да ја прекине традицијата, рече Тодоровски.

По бурните реакции на јавноста, вчера премиерот Зоран Заев најави поништување на конкурсот.

– Одлуката ќе се поништи и таа ќе биде објавена, освен за Националните институции каде што нема реакции, тоа се домовите на културата, каде се направени фер распределби. Но, сите други апликанти, одлуката ќе биде поништена и ќе биде повторно донесена. Законот дава можност во итни, неодложни случаи, можеби во март има некој фестивал, можеби во април, на транспарентен начин. Да не заборавиме, рековме ќе ги слушаме граѓаните. Граѓаните денеска реагираа, имаат аргументи и од Министерството за култура, Комисијата за култура, но имаат и граѓаните, рече Заев.

Инаку за последното издание на фестивалот „Денови на комедија“, Министерството за култура учествуваше со 800.000 денари финансиска помош.

Leave a Reply