Милион и пол деца во светот останале без родителите поради пандемијата

Сподели со своите пријатели

Околу милион и пол деца во светот изгубиле барем еден родител или друг старател во пандемијата од „ковид 19“ од март 2020 година до април годинава, покажува новата студија објавена во списанието „Лансет“.

Loading...

Бројот на деца кои изгубиле еден или двајцата родители поради пандемија е особено голем во споредба со населението во Јужна Африка, Мексико, Бразил и Колумбија.

Вкупно, бројот на деца кои ги изгубиле своите татковци е пет пати поголем од бројот на деца кои ги изгубиле своите мајки.

Група истражувачи предводени од Сет Флексман од Империјал колеџ во Лондон дошле до оваа бројка врз основа на математички модели користејќи податоци за наталитетот и смртноста од коронавирус.

Бидејќи податоците не се целосни за сите места, тој број може да биде само проценка, а веројатно е и поголем, напишаа научниците.

Leave a Reply