Мигранти откриени во воз на Табановце

Сподели со своите пријатели

Вчера во 14.00 часот во Полициската станица за Граничен премин „Табановце“, царински службеник на граничниот премин пријавил дека при контрола во вагон од товарен воз кој сообраќал на релација Грција – Унгарија, пронашол четири мигранти од Авганистан и еден од Иран, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Со лицата бил извршен разговор, по што биле пренесени и предадени во транзитен камп Табановце за понатамошна постапка.

Leave a Reply