Мешани патроли на СВР Куманово и родители затекнаа малолетници со алкохол

Сподели со своите пријатели

Најпосетуваните места за ноќна забава од страна на малолетните лица во Куманово, синоќа беа посетени од мешани патроли од полициски службеници и родители.

Loading...

Проектот има за цел да ја зајакне довербата на родителите во полицијата за грижа за безбедност и заштита на децата кога се надвор од своите домови, но и да се потенцира и поттикне поголема родителската грижа каде одат и што прават децата т.е малолетни лица како најранлива категорија на кои им треба внимание и насочување, соопштува Отсек за превенција при СВР Куманово.

[huge_it_gallery id=”95″]

Во мешаните патроли учествуваа полициски службеници од  Отсек за превенција,  осум родители на малолетници, претставници од Совет на Општина куманово, остварија посета на единаесет локали во централно градско подрачје и една дискотека во с. Проевце.
СВР Куманово, Отсек за превенција во континуитет продолжува со активности по проектот „Мешани патроли, вели Виолета Богдановска, раководител на Отсек за превенција при СВР Куманово.
– Мешаните патроли се осмислени така што во полициски службеници заедно со родители на малолетници вршат заедничко патролирање низ градод во посета и обиколка на места и угостителски објекти за ноќен живот и забава на малолетни лица. Целта е заеднички да се види каде децата ноќе го поминуваат своето време, дали се безбедни и соодветни за нивната возраст, какви опасносто односно ризик фактори ги демнеат надвор од домот, вели Богдановска.
По завршување родителите се согласија дека е потребна поголема грижа и влијание на семејството односно родителите за однесувањето на своите деца употреба на алкохол, враќање дома до доцни односно утрински часови, додава раководителот на Отсек за превенција по завршување на вчерашната мешана патрола.
– Угостителите настојуваат да ги почитуваат законите во однос на малолетниците , но и дека алкохолот е присутен на улица односно во паркови, плоштадот а со тоа и дека се можни други опасности, вели Богдановска.
Од Отсекот за превенција порадчуваат до сите родители да бидат позаинтересирани и да видат одблиску каде одат децата во ноќни часови, да разговараат и така да стекнат меѓусебна доверба со децата.
Проектот се реализира на цело подрачје на СВР Куманово во текот на целата година, особено за време на празници, зимски и летен распуст кога и присуството на малолетни лица е поголемо на јавни места.