Месецов 19 случаи на грип во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 19 случаи на грип се регистрирани во петтата недела од оваа година во Куманово.

Loading...

Во текот на јануари биле регистрирани вкупно 82 случаи.

Како што покаќува статистиката на Институот за јавно здравје, овој месец се регистрирани 19 случаи, со што вкупната бројка од почетокот на сезоната 2021/2022 изнесува 180.

Најмногу од заболените со грип биле во возрасната граница од 15 до 64 години, вкупно 116 лица. Грип имале и 14 деца на возраст до четири години, 33 лица биле во возрасната група од 5 до 14 години, додека во највозрасната категорија над 65 години биле регистрирани вкупно 17 случаи.

Од почетокот на оваа сезона Центарот за јавно здравје Куманово има набавено 300 вакцини против сезонски грип, од кои аплицирани биле вкупно 195.

Најмногу вакцинирани против грип има во највозрасната категорија над 65 години со хронични заболувања, односно 88 лица. Вакцина примиле и 34 лица со хронични болести во возрасната категорија од 30 до 64 години, како и тројца без заболувања.

Вакцина против сезонски грип примиле и 70 здравствени работници.

Во текот на 5-та недела од 2022 година (31.01-06.02.2022), во Република Северна Македонија

Loading...

пријавени се 133 (I=6,4/100.000) случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични

на грип, намалување од 47,4% во споредба со минатата недела.

Во текот на 5-та извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ, пристигнале 576 материјали за лабораториско тестирање на грип од кои 6 од сентинел САРИ надзорот, паралелно тестирани за грип и COVID-19. Притоа, не биле детектирани позитивни случаи.

Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 5-та недела од минатата сезона (n=45) е зголемен 3 пати, а во споредба со бројот за 5-та недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 10 сезони) се регистрира намалување од 95,3%.

Заклучно со 5-та недела, во Р.С. Македонија, вакцинирани се вкупно 49.320 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.

Никола Ивановски