Меркел на „работ од бездната“?

Сподели со своите пријатели

Пропастот на прелиминарните коалициски договори помеѓу демохристијанскиот блок (CDU-CSU), Зелените и либералите (FDP) ја доведе Германија скоро до нови парламентарни избори, а канцеларката Ангела Меркел прв пат во 12 години од нејзината власт на „работ“ од политичка бездна.

Кога по соопштувањето на изборните резултати ноќта на 24 септември прилично лутиот шеф на германскиот социјалдемократки (SDP) Мартин Шулц, порача на лидерите на FDP и Зелените од Меркел да бараат што сакаат, затоа што ќе им даде се за да остане на власт, изгледа, дека никој не можеше да замисли дека лидерите на овие мали партии со своите апетити навистина ќе ја загрозат власта на до скоро неприкосновената и најмоќна жена во Европа.

Веќе самиот факт дека за формирање на својата четврта влада мораше да преговара со две идеолошки различни партии се смета за значително нарушување на нејзината моќ.

Но, многумина сепак веруваат во нејзината научнички прецизна политичка вештина за преговарање, која ја усоврши изминатите години.