Мексико рекоредер во најдолг хот-дог во светот

Сподели со своите пријатели

Мексико влезе во Гинисовата книга на рекорди затоа што тамошните готвачи направиле најдолг хот-дог во светот, 1.417 метри од познатиот сендвич со колбас, пренесуваат тамошните медуми.

Земјата го собори претходниот рекорд кој го држеше Јапонија со хот-дог долг 325,56 метри.

Готвачите во Гвадалахара за четири часа поставиле лепчиња во должина од 1.417 метри и во него ставиле 10.000 колбаси. Имало и по 100 килограми кечап и мајонез, како и 75 килограми сенф.

Погледнете како се произведува популарниот хот дог (видео)

Loading...

Мексиканските готвачи ги почитувале правилата секој хот-дог да биде во низа и да не преминува стандрадна должина од 18 сантиметри.

– Година дена се подготвувавме за тоа. Дојдовме на таа идеја затоа шти сите сакаат хот-дог на подрачјето на Гвадалахара, рекле организаторите.

Околу 2.000 луѓе биле повикани за дегустација.

Leave a Reply