Медиумите во ЕУ: На повидок е Запад без Америка

Сподели со своите пријатели

Стратегијата за национална безбедност која ја претстави американскиот претседател Доналд Трамп го враќа светот во конфликт на големите сили и формирање нов светски поредок во кој Западот повеќе нема јасно водство од САД, главни се заклучоци на медиумите во Европската унија, чии челници засега не се огласија за новата светска стратегија на Белата куќа.

Шпанскиот весник „Мундо“ укажува на тоа дека „упадот на Трамп на светската сцена и неговиот изолационистички став за отворање нови сценарии, а тоа е Западот поеќе да нема толку силно водство на САД, додека во таа улога се повеќе се намалува Германија, иако накцеларката Ангела Меркел одбива тоа официјално да го практикува.

Италијанскиот весник „Il sole 24 ore“ на ударно место пренесува анализа на угледниот американски коментатот Чарл Кашчан дека досега на „видикот е Запад вез Америка“ и дека Трамп со некои чекори дошол во конфликт со меѓународната заедница.

– На повиок не е светот без Запад, туку Запад без Америка и Европа нема друг избор туку да гледа како ќе биде кога ќе престане американското претседалствување, смета Капчан, но додал дека Европската унија, а пред се Германија, мора да „престанат да се двоумат“ да ја преземат улогата лидер на Западот.

Медиумите во ЕУ главен акцент ставаат на пораките од Вашигтон дека Кина и Русија се главни конкуренти и сопарници кои сакаат да го доведат во прашање американското водство во светот, што Трамп во Стратегијата го ветува дека ќе го обезбеди, но така што првенствено ќе се посвети на внатрешната економија, технолошко и воено јакнење на Америка.