Медицинска сестра од Куманово заразена со коронавирус

Сподели со своите пријатели

Медицинска сестра од Куманово која работела на Клиниката на пулмологија во Скопје е позитивна на коронавирус, информираше денеска на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Loading...

Таа била во резервен тим и изминатата недела била без симптоми, во понеделник доаѓала на работа без симптоми, но вчера имала покачена температура.

– Земен е брис, истата е позитивна на коронавирусот, за време на работниот процес додека била на клиниката била со целосна зшатитна опрема, маска и ракавици, но направени се интервјуа со колегите, медицинските сестри и ќе се постапи согласно податоците, изјави Филипче.

Никола Ивановски

Leave a Reply