МЕД ЗА ГИНИС: Зошто еден килограм од овој мед чини 10.000 евра?

Сподели со своите пријатели

Оваа година, медот „Сентури Хани“ од Турција го собори Гинисовиот рекорд како најскап мед во светот.

Loading...

Неговата цена за килограм е 10.000 евра, а за тие пари може да се купи солидна куќа на Балканот.

Овој мед доаѓа од пештера лоцирана на 2.450 метри надморска височина. Неговата боја е темна, додека вкусот е горчливо сладок, а самиот мед е исполнет со лековити состојки. Богат е со магнезиум, цинк, феноли, флавоноиди и антиоксиданси.

 

 

Во прилог на ова, постои уште една добра причина зошто медот е толку скап.

Се собира само еднаш годишно, за да не се вознемируваат пчелите што го прават. Инаку, пчелите го произведуваат од лековити растенија што изникнале околу пештерата.

Loading...

Кога ќе се собере доволно мед, примероците се испраќаат до Турскиот научен совет или Институтот за храна, за верификација и детална анализа на квалитетот.

 

 

Потврдувајќи го соборувањето на Гинисовиот рекорд, компанијата објави видео на својот Инстаграм профил.

Новата тура со мед ќе биде подготвена за купување до крајот на октомври оваа година, а нарачките веќе пристигнуваат.

 

https://youtu.be/6NAIQtc_Gjc

Loading...