МАЖИ ВНИМАВАЈТЕ: Ковид може да предизвика трајна еректилна дисфункција

Сподели со своите пријатели

Вирусот „CoV-SARS-2“ може да навлезе во гениталните ткива на заразено лице и потенцијално да предизвика трајна еректилна дисфункција, според прелиминарната студија спроведена како дел од програмата за репродуктивна урологија на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Мајами.

Loading...

Професорот Ранџит Рамасами, автор на истражувањето објавено во научното списание „World Journal of Men’s Health“, ги проучувал разликите во ткивото на гениталиите кај мажи кои биле подложени на ковид и кај оние кои не биле.

Веќе е познато како новиот коронавирус може да ги оштети крвните садови, што може да доведе до оштетување на ткивата што ги снабдуваат тие садови, а тоа исто така важи и за сунѓерестото ткиво во машкиот полов орган.

 

 

„Во нашата пилот-студија, откривме дека мажите кои претходно не се жалеле на еректилна дисфункција развиле сериозни случаи на еректилна дисфункција по појавата на инфекција со ковид 19“, изјави Рамасами за Sky News.

„Нашето истражување покажа дека ковид 19 може да предизвика широко распространета ендотелијална дисфункција во други органи, освен белите дробови и бубрезите. Основната дисфункција на ендотелот, што се јавува поради влегување на ковид во ендотелните клетки, може да влијае на голем број органи, вклучително и на пенисот“, рече Рамасами.

Loading...

 

 

Како и во пилот студијата, има само четири запишани случаи на мажи кои аплицирале за поставување протеза во пенисот поради еректилна дисфункција, Рамасами посочува дека се потребни дополнителни истражувања.

Тој исто така ги предупреди сите мажи кои развиваат проблеми со еректилната функција по инфекцијата да контактираат со специјалист.

Leave a Reply