Мартинијан: Музиката не би била тоа што е ако нема чувства и љубов која инспирира

Сподели со своите пријатели

Активно настапува низ Македонија и регионот, беше и во „Ѕвездите на гранд“ каде стигна најдалеку од македонските натпреварувачи. Дали нешто се „крчка“ и кои се летните планови на Мартинијан Кириловски дознајте низ интервјуто кое екипата на Кумановски Муабети го направи со младата пејачка ѕвезда од Куманово.

КМ: Го имаше својот последен настап во „Ѕвездите на гранд“. Со Огнен останавте најдалеку кога се во прашање Македонците годинава во оваа шоу. Како си задоволен од она што имаше можност да го покажеш?

Мартинијан: Премногу сум задоволен од моите пет настапи во „Ѕвездите на Гранд“ со интерпретацијата, со емоциите кои ги внесов во песните, па нели и тоа е најклучната работа која треба да ја има секој музичар.

КМ: Во однос на коментарите од жири комисијата, од кого си најзадоволен, а кој ти остави впечаток дека „лета над обичните смртници“?

Мартинијан: Сите членови од жири комисијата ми се симпатични на свој начин и нема никакво летање над облаците заради тоа што од самиот почеток се поставуаат како добри луѓе и прекрасни ментори, тука би ги одвоил Аца Лукас и Јелена Карлеуша.

КМ: Несомнено сепак учеството ти донесе некаква популарност, како реагираат луѓето кога ќе те сретнат. Има ли некоја необична случка да споделиш со нас?

Мартинијан: Искрено наидувам секогаш на позитивни реакции од страна на луѓето, веќе тоа ми стана секојдневие во кое луѓето ме стопираат, се сликаме и си почнува разговорот со нивни сугестии и идеи кои што треба да ги реализирам итн. Што се однесува до необична случка се разбира дека имам. Ќе издвојам една која ме исполни со прекрасни емоции. Еднаш одејќи со друштвото по центарот на Куманово пред мене излезе еден автомобил со српска регистрација, буквално ми го пресекоа патот. Од автомобилот излегоа три мали девојчиња со мајката и таткото и право во мојата прегратка, потоа се сликавме, разговаравме и си заминаа. Верувајте тоа ме направи да се чуствувам најсреќниот и најисполнет човек на свет. Исти случки ми се имаат случувано и во Ниш, Београд и други градови низ Србија.

 

Loading...

 

КМ: Можеме ли да те очекуваме повторно во следната сезона на „Ѕвездите на гранд“?

Мартинијан: Сега сум посветен на ангажманите кои ги имам. А за одлуката што ќе ја донесам за следната сезона ќе бидете благовремено информирани.

КМ: Вредно работиш. Летото започна, како стоиш со ангажманите, ќе имаме ли можност редовно да го слушаме Мартинијан низ македонските локали?

Мартинијан: Верувајте, ние музичарите велиме „нема застој“. Скоро секој викенд ми е резервиран за настапи низ македонските локали ( кафиќи и ноќни клубови ) , меѓутоа одредени викенди ми се резервирани и за свадби кои ми се зголемуваат од месец во месец.

КМ: „Дождови“ е твојата последна песна, но ако се не лажам нумерата „Јас знам“ некако најдобро се котираше кај публиката. Која е твојата омилена?

Мартинијан: „Дождови“ е многу емотивна песна, прекрасна балада која е посветена за една моја драга личност која ја изгубив во поројните дождови во 2016 год. Таа ми донесе второ место на МакФест 2017, а „Јас знам“  е мојата најомилена песна која најдобро се котираше и се прифати од страна на публиката. Таа е брза и енергична песна во летен стил.

 

 

КМ: Можеме ли да очекуваме некој побрз ритам за летните денови и нова песна, со оглед дека последната ти беше прекрасна балада?

Мартинијан: Моментално работиме еден проект за МАКФЕСТ 2018 на кој ќе се појавам со брза и енергична песна во стил на „Јас знам“  и искрено се надевам дека ќе биде прифатена од страна на публиката. За летните денови планирам еден кавер да снимам на една прекрасна песна која е многу позната во Србија. Се надевам дека каверот ќе го снимам наскоро.

КМ: Ќе има ли летен одмор за Мартинијан?

Мартинијан: Секако дека ќе има, меѓутоа моментално сум сконцентриран на обврските што ги имам кон музиката и настапите, а кога ќе ги завршам сите ќе земам воздишка и можам да започнам со плановите за одмор.

КМ: Студираш бизнис логистика, како успеваш да го искомбинираш студентскиот и музичкиот живот?

Мартинијан: Студирам на Факултетот за туризам и бизнис логистика, насока: Бизнис логистика при Универзитетот Гоце Делчев – Штип. Се трудам да искомбинирам со добра организација на денот и сега за сега одлично ми оди. Од септември сум четврта година на факултетот и искрено се надевам дека наредната година ќе го завршам истиот и ќе дипломирам.

КМ: Што прави Мартинијан во слободно време? Што е она што те исполнува најмногу?

Мартинијан: Слободното време ми е исполнето со играње фудбал, тенис и да одам во теретана. На тој начин целата вишок енергија што се наоѓа во мене се трансформира во позитивизам, елан и мир.

КМ: Која е твојата најголема поддршка низ кариерата?

Мартинијан:  Мојата најголема поддршка низ кариерата се моите дома, девојка ми, другарите, мојата публика и моите фанови. Тие секогаш се до мене,  во успони и во падови. Ми ја даваат целата нивна поддршка која секој музичар сака да ја има.

 

Loading...

 

КМ: Љубовта несомнено многу влијае врз музиката, па ќе ни открие ли Мартинијан како стои со љубовниот живот?

Мартинијан: Нема ништо ново да кажам ако започнам со максимата дека љубовта го движи светот. Музиката не би била тоа ако нема чувства, љубов која инспирира, која отвара видици пред поетите, пред авторите на музиката. Зa мене кaкo млaд чoвек пoвеќе oд нoрмaлнo е дa сум вљубен. Mнoгу честo и свеснo испраќам порака за љубовните варијации дo личнoста кoјa мене ми знaчи. А сигурен сум дека и останатите слушатели се пронаоѓаат во љубовните драми во самите песни.

КМ: Која е пораката која би ја упатил до оние кои имаат пејачки способности, а тоа не успеале да го прикажат пред јавноста?

Мартинијан:  Имa ли пoдoбрa пoрaкa oд мoјoт личен пример. Секoј кoј (дури и пoвршнo) ја пoзнaвa мoјaтa кaриерa, пoследните гoдини мoже дa зaбележи декa мoжеби прaвилo немa, aмa еднo е сигурнo: дoкoлу имaш нештo неизреченo штo те притискa и пече, го чувствувaш требa дa нaјдеш нaчин дa гo изнесеш, дa гo спoделиш пред се` пoрaди себе. Притoa мoрa дa јa имaш пoддршкaтa нa нaјблиските. Мoјa среќa е штo ги имaв рoдителите пoкрaј мене кои ме хрaбреa. Некoгaш мoрa некoј дa те пoддржи, дa ти дaде крилјa, oти oвoј свет нa естрaдaтa е сурoв кaкo и вo секoјa oблaст бидејќи зa сите немa местo oнaму кaде мнoгуминa сaкaaт дa бидaт мислејќи декa е еднoстaвнo и леснo.

Акo гo имaaт тaлентoт, aкo врие вo нив и чувствувaaт декa мoжaт и имaaт штo дa пoкaжaт некa бидaт упoрни. Жртвите се гoлеми нo сепaк aкo сo љубoв се тргне вo тaa авантурата тoгaш секaкo ќе имa успех. Среќaтa притoa е мнoгу вaжен елемент. Ти требa незнaен aнгел чувaр.

Leave a Reply