Марковска: Имаме план и визија, но и конкретни проекти за развој на стопанството во Куманово

Сподели со своите пријатели

Кандидатот за советник во идниот Совет на општина Куманово Александра Марковска, денеска одржа прес-конференција на која ги најави проектите
за развој на локалниот економски развој.

Loading...

„Имаме план и визија, но и конкретни проекти за развој на стопанството во целата општина. Инвестициите во локалниот економски развој се неопходни за отворање на нови работни места. Во изборната програма, во рамки на овој сегмент сакаме да изградиме економски капацитети на локално ниво, со цел подобрување на економската иднина и животниот стандард на сите жители на наше Куманово, преку процес во кој јавноста, стопанските дејности и невладиниот сектор во коoрдинација со Локалната самоуправа ќе работат заедно како партнери, за да создадат подобри услови за економски развој и нови вработувања“, рече Марковска.

Со изградба на нови индустриски зони и обезбедување на поволни услови за инвестиција на поголеми индустриски капацитети, Марковска посочи дека ќе се создадат можност за отворање на нови работни места за млади и стручни кадри, јакнејќи го домашното стопанство.

„Ќе вложуваме во изградба на инфраструктура во индустриска зона Новини и Речица преку воспоставување на систем ОД ЗОНА ЗА ЗОНА. Односно,
финансиските средства, кои што ќе се соберат од продажба на земјиште и уплатени комуналии, ќе се пренасочат во изградба на инфраструктура во зоната“, потенцираше Марковска.

Како дел од проектите за локален економски развој предвидено е: Креирање на стимулативни политики и програми за поттикнување на ЛЕР со акцент на старт ап бизниси, иновативност и социјално претприемништво, користејќи човечки, материјални и финансиски ресурси од: донатори, Локален економски социјален совет, ГО и Агенција за вработување, Фонд за иновации и други релевантни фактори, Организирање, поддршка и учество на локални саеми и друг вид средби и манифестации за економско регионално мрежно поврзување, со цел промоција и развој на економијата, Ќе организираме бизнис форуми со национални и меѓународни компании, со цел промоција, размена на искуства и поттикнување за инвестирање. Ќе градиме партнерства со граѓанските организации преку мобилизација, вмрежување и поддршка за реализација на активности од јавен интерес. Следува и развој на туризмот преку реализација на активности од Стратегија за туризам на Општина Куманово (2020 – 2024) со отворање на Центар за туристичко информирање.

– Ќе го поттикнеме занаетчиството кај младите преку промоција на занаетчиство и креирање мерки за подобри услови за занаетчиите и зголемена соработка со Занаетчиска комора.

На прес-конференцијата, Марковска истакна дека како една од најзадолжените општини, сега Куманово е пример за сите останати во државата.

„Ќе реализираме голем број на проекти и инвестиции кои значат подобар живот за сите граѓани, но и можност за отворање на нови работни места за
сите млади лица. Ве повикувам на 17-ти октомври да не поддржите и да гласате за нас, За наше Куманово!“, изјави Марковска.

Loading...