Марихуана откриена во сомнителна торба во автобус на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

На граничниот премин Табановце автопат на 07.09.2018 година, околу 22.30 часот,
мобилните царински тимови селектирале за контрола македонски автобус кој сообраќал на релација Македонија – Швајцарија, пријавен за излез од Република Македонија.

Како што информираат од Царинската управа на Република Македонија, при контрола на багажниот простор, извршена со помош на царинско куче, била лоцирана сомнителна патна торба, по што биле замолени сите патници да излезат од автобусот и да си го земат сопствениот багаж. Поради тоа што ниту еден од патниците не се пријавил како сопственик на сомнителната торба, биле прегледани снимките од автобуската станица во Тетово, од кои било утврдено дека еден од патниците, македонски државјанин, заедно со уште едно непознато лице ја ставиле торбата во багажникот на автобусот. При прегледот на торбата биле пронајдени две најлонски кеси со непозната зеленкаста растителна материја со вкупна маса од 2.200 грама.

При тестирање на материјата, тестерот за дрога покажал присуство на опојна дрога марихуана.

Целиот случај е предаден на Секторот за контрола и истраги, кој, против лицето поднесе кривична пријава за сомневање за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Leave a Reply