Британците Луис и Ники Дравен од Мидлесбург основале прво полово неутрално семејство, одгледувајќи го своето дете во таков дух.
Loading...
Момчето Стар Клауд има четири години иод своите родители добило еден единствен совет – да не се труди повеќе да биде машко.
Мајката Луис е родена како маж, но благодарение на хормонската терапија станала жена. Таткото Ники е пансексуалец роден како жена. Се запознале на ЛГБТ собир во 2011 година.
Loading...
Инаку пансексуалноста е сексуална ориентација која ја карактеризира сексусална, емоционална и духовна привлечност кон лица без оглед на нивниот пол или родов идентитет.
Никој од нас не се оптеретува со тоа како е роден, туку сакаме да бидеме тоа што го чувствуваме. Така го одгледуваме и нашето дете – вели триесетгодишниот татко Ники.
Момчето го одлгедуваат за да биде „личност“, а не момче. Така тој се шминка, се игра со кукли и носи машка и женска облека. Во септември ќе тргне на училиште, ќе носи униформа со розови чорапи.
Никогаш не му кажавме дека е момче, туку дека може да биде што сака. Сака кукли и бајки, но и играчки наменети за машките деца – вели мајката Луис.
Во минатото имале проблеми со тоа како ги прифаќа околината, но денес семејството се прифаќа самото себе и ужива во животот.