Мајкрософт влезе меѓу најелитните: Компанијата надмина вредност од 2.000 милијарди долари

Сподели со своите пријатели

Мајкрософт официјално влезе во најелитниот клуб на корпорации чијашто пазарна вредност надминува 2.000 милијарди долари.

Loading...

Овој технолошки гигант е, по Епл, само втора американска компанија со чии акции се тргува на берза и која ја достигна таа вредност, пренесува Си-Ен-Ен.

Саудискиот нафтен производител Арамко, кој дебитираше на берзата во 2019 година, исто така го надмина овој лимит претходно, но во вторникот неговата пазарна капитализација беше 1,880 милијарди долари.

 

 

„Мајкрософт“ достигна пазарна вредност од над 2.000 милијарди долари за време на тргувањето во вторникот на Волстрит и го затвори денот на тргувањето со сума од само 300 милиони долари под тоа ниво.

Цената на нејзините акции се зголеми за 1,1 процент во вторникот, на 265,51 долари.

Loading...

Компанијата оствари нова рекордна пазарна капитализација од 2 трилиони долари по повеќе од две години откако нејзината пазарна вредност за првпат ја надмина границата од 1.000 милијарди долари.

 

 

КОВИД-19 исто така придонесе за овој пораст, бидејќи луѓето поминуваа многу повеќе време работејќи или забавувајќи се на компјутерите за време на пандемијата.

Ова ја зголеми побарувачката за компјутерите на Мајкрософт, системите за игри и платформата за компјутерски облак.

Акциите на „Мајкрософт“ се зголемија за 64 проценти од март 2020 година, кога во САД стапија на сила мерките за ограничување.

Leave a Reply