Мајкл Џордан: Патиките на кошаркарската легенда продадени за рекордни 1,47 милиони долари (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Патиките што ги носела американската кошаркарска ѕвезда Мајкл Џордан се продадени на аукција за рекордни 1,47 милиони долари.

Loading...

Џордан носел пар црвено-бели патики Nike Air Ships за време на неговата прва сезона додека играл за Чикаго Булс во 1984 година.

Тоа била година кога тој и Најк почнале да соработуваат и да го создаваат брендот за облека и обувки на Џордан.Досега ова е највисоката продажна цена постигната на аукцијата за чевли што ги носеле некои спортисти.

 

 

Џордан е еден од најдобрите играчи во историјата на кошарката.Поголемиот дел од својата кариера го поминал играјќи за Чикаго Булс, а стана светска икона додека играл за НБА.

Џордан, кој се повлекол од кошарката во 2003 година, станал првиот милијардер во историјата на оваа кошаркарска лига.

Loading...

„Парите добиени за патиките на Мајкл Џордан го потврдуваат местото на неговата франшиза Ер Џордан на пазарот на патики“, изјави Брам Вочер од аукциската куќа Сотби во Лас Вегас.

Патиките на аукцијата биле донесени од Ник Фиорела, познат колекционер.Пред аукцијата, патиките биле проценети на меѓу милион и милион и пол долари.Сепак, тие не се најскапите патики на светот.

Рекордот го држи раперот Канје Вест, чии патики Nike Air Language 1 Prototype достигнаа цена од 1,8 милиони долари на приватна аукција во април.

Рекордната цена на патиките во изминатите години неколку пати била соборувана, а на овој пазар, заедно со колекционерите, се приклучиле и други купувачи.