Лула го повика кинескиот претседател да го посети Бразил

Сподели со своите пријатели

Бразилскиот претседател Лула да Силва најави дека ќе го покани кинескиот претседател Си Џинпинг да го посети Бразил.

Loading...

Лула во интервју за бразилската медиумска куќа EBC изјави дека сака да ги „консолидира“ односите со Кина, пренесува Ројтерс.

– Ќе го поканам Си Џинпинг да го посети Бразил, да му ја покажам нашата земја и проекти – рече Лула, кој сака Кина да инвестира во Бразил и да отвори нови работни места во земјата.

Претседателот на Бразил наскоро ќе отпатува за Кина, а следниот петок ќе се сретне со Си Џинпинг и со кинескиот премиер Ли Чијанг, додава британската агенција.