ЛУДИЛО: Му здосадила сопругата, па ја трампал за телефон

Сподели со своите пријатели

Неименуван тинејџер (17) од индиската држава Одисеј одлучил дека телефонот му е далеку поважен од бракот, па сопругата ја заменил со нов мобилен телефон.

Loading...

Да, звучи како приказна од рубриката „кажи ни дека се шегуваш и си измислил затоа што ти било досадно“, но за жал се плашиме дека не е така. Ја заменил сопругата за нов iPhone.

Неверојатната вест ја пренесуваат сите тамошни портали, а исто така велат дека големо прашање е како би завршила таа несреќна девојка (26) доколку во се не се мешала полицијата која западнала во големи проблеми при спасувачката акција.

 

 

Имено, кога влегле во селото со намера да го вратат девојчето дома, полицајците наишле на гневни мештани на кои не им текнало така лесно да ја пуштат кутрата девојка.

Тие протестирале тврдејќи дека праведно ја платиле, но на крајот некако се спасила од ужасната ситуација.

Loading...

Младо момче и деветгодишно девојче пред само еден месец влегле во брачните води, но откако добил можност да набави нов телефон, ладнокрвно ја продал на 55-годишен маж.

 

 

Тој во неговото село изјавил дека го оставила, но откако нејзиното семејство одбило да поверува во таа верзија, таа за се ја известила полицијата која, за среќа, успеала да му влезе во трага на девојчето.

„Тој ни призна што направил за време на сослушувањето. Екипата од Балањир отиде во Раџастан да ѝ влезе во трага на жената. Меѓутоа, мештаните не ни дозволија да ја земеме со нас, инсистирајќи дека е фер купена. Не беше лесно да ја донесат дома“, изјавил неименуван полицаец, чии зборови ги пренесува порталот Hindustan Times.