Ловџии од липковскиот регион во акција за прихрана на дивечот

Сподели со своите пријатели

Кумановските ловџии, членови на ловџиското друштво „Шќипоња“ од Липково, деновиве извршиле прихрана на дивеч во липковскиот регион. Ловџиите на повеќе места во овој регион оставиле сено, детелина, сол и пченка за прихрана на срните, дивите свињи и друг вид дивеч.

Loading...

– Оставена е прихрана за дивечот на повеќе реони во Гошинце, Извор, Думановце Лојане, Стража и други места. Самите ловџии оставаат прихрана за дивечот, информираше, членот на претседателството на друштвото, Јовица Стојиќ.

Во реонот што го опфаќа ловечкото друштво „Шќипоња“ има доволен број на дивеч, дива свиња, чиј што лов завршува на 31 јануари, годинава. Ловот за штетниот дивеч, волк и лисица продолжува. Членовите на ова друштво ловат на ловиштето број 2- Думановце, што ги опфаќа речиси сите села од Липково се кон границите со Србија и Косово.

Leave a Reply