ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ВО АЛБАНИЈА: АЛБАНИЈА ПОДЕЛЕНО ОПШТЕСТВО!

Сподели со своите пријатели

Ветераните Мета и Бериша, не успеаја да  го тргнат Рама од тронот?!

Пишува: м-р Слободан ТОМИЌ

Албанија е пред нови искушенија, овојпат “битка за кормилото на власта“ во оваа балканска република.

Loading...

Имено 14-то мајско утро 2023 лето господово  ги “вкрсти“ ракавиците на политичките ривали Мета-Бериша, познати со коалицијата “Заедно победуваме“ во обид да го тргнат од тронот Еди Рама, претседателот на Социјалистите и актуелен премиер на западниот сосед на Македонија, во “трката“ за победа на локланата власт во Република Албанија, да се стави  конечен епилог околу долгогодишните препукувања помеѓу власта и опозицијата. Но, ништо од “бизнисот“ на ветераните Мета-Бериша! Рама прогласи победа на својата партија во 50 општини, додека опозицијата триумфираше во 11 општини, пренесува .

Последните локални избори, кои се одржаа на 30 јуни 2019 година, беа бојкотирани од опозицијата, додека излезноста на изборите беше само 21,6%. Како резултат на тоа, сите позиции во органите на локалната самоуправа беа окупирани од кандидатите на Социјалистичката партија  на чело со Еди Рама. Последните локални избори во Албанија беа спроведени во атмосфера на тензии, откако албанската опозиција се повлече од работата на Парламентот и организираше политички активности на улиците на Тирана на кои побара оставка од премиерот Рама, формирање привремена влада и одржување општи избори.

На локалните избори на 14 мај 2023 на 5.211 избирачки места, право на глас имаа вкупно 3.650.550 граѓани. На локалните избори  учествуваа 48 политички партии со 23.788 кандидати. Од вкупниот број, 144 кандидати, од кои 15 жени, претендираат да станат претседатели на општини. Изборите  ги следеа 324 меѓународни набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР. Албанија има 61 општина, а земјата има потреба од темелна реформа на локалната самоуправа.

Еден од лидерите на опозициската коалиција “Заедно победуваме“, поранешниот претседател Сали Бериша, го обвини премиерот Рама дека користи “бандити за манипулирање со изборниот процес“.

Рама направи се за да манипулира со резултатот. Кога ќе упаднете на гласачките места со насилници, тоа го правите за да го промените исходот. Кога поделувате десетици, да не речам стотици милиони евра… За два дена беа поделени стотици милиони на бандите и сето тоа беше направено со заштита на полицијата. Што се однесува до службениците кои ги делеле парите, полицијата била рамнодушна“, го обвини Бериша на Рама, пренесуваат албанските медиуми.

Да потсетиме дека на овие избори има и преставници на Македонците кои живеат и имаат право на глас во оваа балканска република. Имено, единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијансанза европска интеграција МАЕИ со тројца советници во советот на општина Пустец. На локалните  избори од излезените околу 2.100 гласачи за листата на МАЕИ гласале 439 или 21,46  отсто. Тоа значи дека партијата ќе има еден советник помалку споредено со изборите од 2019, односно четири помалку во однос на изборите во 2015 година. Во општинскиот совет, кој брои 15 членови, останатите се од други пет политички субјекти, но сите се етнички Македонци. Социјалистичката партија со освоени 659 гласа или 32,21 отсто има 5 советници, опозициската изборна коалиција “Заедно победуваме” со добиени 467 гласа или 22,83 отсто обезбеди 4 советници и по едно советничко место имаат Аграрна еколошка  партија,  Социјалдемократска партија и партијата за социјална демократија. Пали Колефски, кој е кандидат на Социјалистичката партија поддржан од МАЕИ, е реизбран за градоначалник со освоени 1.374 гласови. На минатите избори тој освои 1.505 или 66,84 отсто од гласовите или 646 гласови повеќе од неговиот противкандидат Едмонд Темелко, кој на чело на општината беше три мандати. На вчерашните избори вториот кандидат за градоначалник  Панди Јани од изборната коалиција “Заедно победуваме” освоил 731 глас.

Вака е телеграфската вест за и околу резултатите на мајските локални избори во Албанија 2023. Но, да ја свртиме страницата малку и на аналитичката карта за и околу полититичката карта и амбиент во Албанија, и контроверзите во оваа држава.

Loading...

Албанија доби статус на кандидат за ЕУ во септември 2014 година. Земјата ги отвори пристапните преговори со ЕУ кон крајот на 2022 година. Списокот на прашања што Албанија треба да ги реши ги вклучува судските реформи, борбата против криминалот (шверц со дрога и луѓе) и корупцијата, недостаток на независни медиуми, деполитизација на институциите, подобрена ефикасност, како и воспоставување подинамичен дијалог меѓу власта и опозицијата со цел реформите да бидат посеопфатни и побрзи.

Политичките притисоци, заплашувањата, корупцијата и ограничените ресурси го спречија судството да стане целосно функционално, независно и ефективно. Корупцијата е сеприсутна во сите сегменти и во сите нивоа на власта, вклучително и во областа на јавните набавки и јавно-приватните партнерства. Владата на Еди Рама не беше успешна во ублажувањето на економските и социјалните последици од тројните земјотреси од 2019 година.

Неизбежно прашање за Еди Рама е зошто Албанија се уште е убедливо најсиромашната земја во Европа, иако има исклучителен потенцијал за развој? И ЕУ и НАТО не успеаја во однос на решавањето на политичката криза во Албанија. Сепак, кризата во Албанија ја разоткри корупциската мрежа на Еди Рама, која вклучува некои (поранешни) високи функционери на ЕУ, САД и некои други земји.

 

 

Коалицијата Заедно победуваме“ против Социјалистичката партија

Иако ова беа локални избори на кои не учествуваат лидерите на водечките политички партии, клучниот предизборен натпревар“ се одвива меѓу лидерите на Социјалистичката партија и актуелниот премиер Еди Рама од една страна и Заедно победуваме“, предводена од двајца ветерани на албанската политика и поранешните албански претседатели Сали Бериша и Илир Мета.

Loading...

Иако се води борба за секоја позиција и секој глас, изборната кампања беше насочена кон поголемите градови како Тирана, Елбасан и Драч. Според анкетите, нивото на јавна поддршка на Социјалистичката партија и Заедно победуваме“ е повеќе или помалку  беше еднакво. Коалицијата Заедно победуваме“ доминира на северот на Албанија (Шкодра, Тропоја, Кукс, Лежа и Хас), но нејзината поддршка се зголемува и на југот на земјата. Резултатите од предизборните анкети во Албанија не секогаш нудат веродостојни показатели за мислењето на електоратот во однос на тоа како јавноста ќе гласа на денот на изборите. Сепак, резултатите од анкетите се користат како основа за утврдување на изборните стратегии, дебати и анализи.

Локални избори  Избор помеѓу нарко картели и/или парламентарна република?

Кога Еди Рама ја започна полициската операција со цел уништување на селото Лазарет, кое беше центар на нарко-бизнисот, се очекуваше конечна пресметка со нарко-бизнисот.

Подоцна се покажа дека Еди Рама само го ставил бизнисот под негова контрола. Понатаму, наместо да продолжи со реформи, развој и понатамошна демократизација на земјата, тој го иницираше процесот на канабизација на Албанија“. Значителен дел од обработливото земјиште е засадено со канабис, додека бизнисот со дрога е контролиран од политичко-криминални структури. За време на мандатот на премиерот Еди Рама Албанија стана безбедно засолниште за криминалците од Европа, Азија, Северна и Јужна Америка. Олеснителна околност за криминалните структури е безвизниот режим што Албанија го има со земјите членки на ЕУ, што им овозможува на криминалците слободно движење и деловно работење, како и огромни профити од трговија со дрога и луѓе. Еди Рама и неговата заднина“ ѝ ги затворија на Албанија вратите за членство во ЕУ, бидејќи додека Рама е на чело на албанската влада, земјата нема да биде кооптирана во ЕУ. 

Се прашувам, дали сето ова, со “канабизацијата“ го имаме пресликано или copy-paste, и во нашата  Македонија?!

Извештајот за меѓународна стратегија за контрола на наркотиција идентификува Албанија како извор на канабис и домашна база за организирани криминални групи кои илегално тргуваат со дрога од земјата извор до европските пазари.  Албанскиот канабис се дистрибуира во Турција и се разменува за хероин и кокаин, кои албанските државјани ги шверцуваат низ Европа. Албанските власти регистрираа зголемување на конфискуваниот кокаин во 2021 година преку пристаништето Драч, пред се кај пратките со банани од Еквадор. Албанските полициски сили учествуваа во неколку меѓудржавни операции за спроведување на законот во 2021 година.

Во операциите, албански државјани, меѓу другото, беа уапсени во Грција, Италија, Шпанија и Холандија. Албанските органи за спроведување на законот соработуваа со нивните американски колеги во апсењето и конфискацијата на пратка со наркотици и лабораторија за преработка на дрога во Албанија, како и заплена на имот во Албанија поврзан со глобалната меѓународна трговија со дрога.

По неговото апсење на 31 март 2021 година во САД, албанските судови го конфискуваа имотот на Или Дидани вреден 1,2 милиони долари во април 2021 година. Формирана е Специјалната антикорупциска структура .

Loading...

Во 2021 година беа постигнати неколку успеси, вклучително и апсење на 38 лица, вклучително и еден обвинител и неколку високи полициски службеници, во рамките на големата меѓународна истрага за трговија со дрога и луѓе.

Албанските граѓани играат значајна улога во меѓународната и организирана криминална мрежа ангажирана во трговија со дрога. Понатаму, Албанија е клучен елемент на балканската рута за трговија со дрога кон Западна Европа и Велика Британија. Албанските организирани криминални групи се присутни во САД, Велика Британија и низ цела Европа, како и во Јужна Америка, вклучувајќи ги Еквадор, Колумбија и Перу.

Тие имаат воспоставено интегриран синџир за набавки, транспорт, дистрибуција и продажба во Европа, Велика Британија и САД. Албанските организирани криминални групи продолжуваат да вршат перење пари во Албанија, со што придонесуваат за корупција во земјата.

Во Албанија насилниот криминал често се поврзува со организираниот криминал, но и со судиите, обвинителите, полицијата и медиумите, кои често се предмет на заплашување. Релативно слабото владеење на правото, корупцијата и високото ниво на невработеност се главните албански проблеми во однос на контролата на трговијата со дрога. Реформите на кривичното правосудство во Албанија треба да вклучат смена на судии и обвинители поврзани со организиран криминал и/или со неоправдано богатство.

САД ги поддржуваат судските реформи во Албанија преку советодавна поддршка и развивање на капацитетите за обвинителите и истражителите на СПАК, зајакната меѓуагенциска соработка во истрагите, корекции на реформите насочени кон ограничување на операциите на транснационалниот организиран криминал. Понатаму, САД понудија да обезбедат специјализирана опрема за подобрување на соодветните оперативни способности.

Албанија мора да продолжи со судските реформи, да ги зајакне регулативите и надзорот против перење пари и да работи на елиминирање на влијанието на организираниот криминал врз албанската влада и општество. Специјалната структура за борба против корупција и организиран криминал , во која се вклучени Специјалното обвинителство (СЈО) и Националното биро за истраги, е недоволно способна.

Loading...

Иако е постигнат напредок во однос на конфискацијата на имотот поврзан со организираниот криминал, тој треба дополнително да се интензивира во иднина. Понатаму, неопходно е да се продолжат напорите за да се постигне зголемено кривично гонење и подобро извршување на правосилните и обврзувачките пресуди, особено на високо ниво. Борбата против сајбер-криминалот, трговијата со луѓе и перењето пари остануваат области во кои се потребни дополнителни резултати. Показател за состојбата во Албанија е и зголемениот број албански државјани кои поднеле барања за азил во земјите членки на ЕУ.

Донесувањето даночна и кривична амнестија е спротивно на ставот на Советот на ЕУ и Moneyval и може да го поткопа напредокот во оваа област, како и во борбата против перењето пари. Албанија останува ранлива на перење пари поради корупција, присуство на мрежи на организиран криминал и празнини во законодавството и надзорот. Албанија има голема “сива економија“ и неформален сектор, со значителни дознаки и прилив на пари од инвестиции од странство. Трговијата со наркотици и други активности на организиран криминал се главните извори на испрани средства. Албанските криминални организации имаат врски со мрежи кои оперираат нашироко низ Европа и Јужна Америка.

Честите скандали со меѓународни димензии ги разоткриваат врските помеѓу режимот на Рама и меѓународните фактори и корупцијата на странските функционери (случај на поранешниот функционер на ФБИ Чарлс Мекгонигал). Формирање и зајакнување на неколку владини агенции поврзани со премиерот Рама (Агенција за совладеење, Агенција за медиуми и информации, Агенција за стратешко програмирање и координација на помош) без сеопфатна рамка за управување и без системски надзор на линиите за надзор и известување, покренуваат прашања за ефективна координација и обезбедување услуги од страна на органите на јавната администрација.

Аналитичарите сметаат дека претстојните избори во Албанија го надминуваат карактерот и релевантноста на локалните избори, бидејќи тие се можност да се започне конечната пресметка со режимот на Еди Рама и декриминализацијата на Албанија.

Сојузот меѓу Сали Бериша и Илир Мета преку коалицијата Заедно победуваме“ ги обединува опозициските политички сили и претставува масовно движење на незадоволни граѓани на Албанија подготвени да се вклучат во борба за конечна пресметка со нарко-картелите, криминалот и корупцијата.

Loading...

Локалните избори беа своевидна можност за граѓаните на Албанија да изберат дали сакаат да владее нарко-картел со земјата и/или парламентарна република – од која граѓаните беа доминантно ограбени и лишени во последните 10 години. Изборите требаше да бидат транспарентни, слободни и фер, без купување на гласачи и гласачи со црни пари“, тоа се валкани пари од нарко-бизнисите и трговијата со луѓе, обвинуваат опонентите на Рама.

Имено, приходите од нарко бизнисите го надминуваат албанскиот национален буџет. Политичкиот концепт за задржување на Еди Рама на власт се заснова на купување гласови и заплашување, а Рама има на располагање неограничени суми пари од сомнително потекло и репресивен апарат за такви цели.

Рама против силно граѓанско општество (НВО)

Имплементацијата на новиот Закон за регистрација на непрофитни организации донесен во јуни 2021 година сè уште не е започната. Високиот судски совет доби буџетски средства за набавка на електронски регистар на непрофитни организации и договор за негово спроведување беше потпишан во мај 2022 година. Нема напредок во имплементацијата на патоказот за создавање на поволна средина за граѓанското општество, особено во контекст на законот за волонтери.

Сè уште треба да се зајакне институционалната соработка помеѓу граѓанското општество и Владата за да се обезбеди намерно учество на граѓанските организации  во процесите на донесување одлуки, како и во преговорите за пристапување во ЕУ.

Loading...

Зајакнувањето на граѓанското општество е клучна компонента на секое демократско општество, кое е дефицитарно во Албанија и од кое Еди Рама очигледно се плаши. Како и да е очекувањата и искушенијата беа големи ,а тоа резултира со ставот дека  е потребна, односно неопходна преодна влада за подготовка на предвремени избори Албанија е во ситуација на тивка граѓанска војна, крајно поларизирано и поделено општество, како и зголемен број на атентати, што не е изненадување.

Зошто Албанија е поделено општество? За да се биде вклучен во бизнис со дрога, трговија со луѓе, криминал и корупција, потребно е поделено општество, кое ќе го оттргне вниманието на јавноста од работењето на бизнисот со дрога.

Со падот на комунистичкиот режим на Енвер Хоџа во 1991 година, ретроградните сили беа поразени. Меѓутоа, по доаѓањето на Еди Рама и неговата Социјалистичка партија , чии корени потекнуваат од поранешната комунистичка партија на Албанија, на власт овие сили беа ревитализирани. Воден од неговата желба да остане на власт, Рама ќе се обиде да ја пренесе кризата од Албанија во регионот, но и пошироко во европската област. На Албанија и треба нов циклус на демократизација и декриминализација на државата.

Не без причина Еди Рама отворено го поддржа Мило Ѓукановиќ на неодамна одржаните избори во Црна Гора, бидејќи со поддршката на Ѓукановиќ се поддржуваше себеси, како и неговиот сличен концепт и метод на владеење. Ако се суди според се, локалните избори требаше да предизвикат формирање на привремена влада која ќе организира предвремени парламентарни избори и мирна транзиција на власта. Но, едно е појасно од се дека најголемиот успех“ на Еди Рама е што за време на неговиот мандат ја зацврсти позицијата на Албанија како убедливо најсиромашна земја во Европа.

Изнесените ставови во колумната се лични ставови на авторот. Изнесените ставови на авторот можат, но не мораат да ја рефлектираат уредувачката политика на медиумот.