Лидерите на Г7 одржаа итен состанок поради експлозијата во Полска

Сподели со своите пријатели

Белата куќа официјално објави дека американскиот претседател Џо Бајден свикал итен состанок на лидерите на Г7 во врска со експлозијата во вторник во Полска предизвикана од два проектила.

Loading...

Во моментов на Бали, Индонезија се одржува самитот на Г-20, а покрај Бајден, на состанокот на Г7 присуствуваа и лидерите на останатите членки: британскиот премиер Риши Сунак, германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон, канадскиот претседател Џастин. Трудо, Урсула Фон дер Лејен (ЕУ), Фумио Кишида (Јапонија), Педро Санчез (Шпанија), Марк Руте (Холандија), Џорџа Мелони (Италија) и Шарл Мишел, пренесува Гардијан.

Ројтерс пренесува дека пред самиот почеток на средбата новинарите го прашале американскиот претседател дали има коментар за настаните во Полска, на што Бајден рекол дека се уште нема коментар.

Веднаш по инцидентот, Соединетите Американски Држави и ветија на Полска помош на секој начин, вклучително и во деталната истрага околу експлозијата.

Инаку, Полска ноќта од вторник кон среда потврди дека проектилите кои паднале во градот Пржеводов се од руско производство, но и дека немаат потврда кој ги испукал.

Американскиот претседател Џо Бајден во вторникот вечер имаше телефонски разговор со својот полски колега Анджеј Дуда.