Лице од село Опае вработен во ЕВН заработи кривична пријава

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.А.(39) од с.Опае, вработен во „ЕВН Македонија“ поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „измама“.

Loading...

Пријавениот во текот на 2013 година без да изготви соодветна документација физички демонтирал електрично броило во сопственост на А.Љ. и истото било поставено во деловен објект лоциран на бул. „Трета Македонска Ударна Бригада“, за кој пријавениот знаел дека е напуштен и дека не работи.

По ова, со лажно прикажување на факти го довел во заблуда И.Н. од с.Оризари со тоа што демонтираното електрично броило го прикажал како дел од постапка за нов приклучок и го монтирал во куќа, сопственост на неговиот брат Б.Н. за што примил паричен надоместок од 30.000 денари, за која сума ја оштетил „ЕВН Македонија“.