Лице барано под полицијата приведено на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 18.45 часот на Граничен премин „Табановце“, при пасошка контрола, било констатирано дека лицето М.Е. (35) од Скопје е предмет на потрага поради сомнение дека извршил кривично дело по член 243 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во 20.20 часот лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за натамошна постапка.

Leave a Reply