Лажирала бременост за да го задржи партнерот, па судот најстрого ја казнил!

Сподели со своите пријатели

Жена во Шкотска која измислила бременост со цел да го задржи својот партнер со месеци е казнета со 150 часа работа за општо добро, објави во средата судот во градот Перт.

Loading...

36-годишната девојка ја поминала ноќта со човекот што го запознала со помош на апликација за наоѓање партнер во јуни 2019 година. Набргу потоа, таа му рекла дека е бремена и дека сака да го задржи детето.

 

 

Лажела скоро девет месеци, а дури и испратила на неговата мајка ултразвук слика од детето, пренесува Хина.

Откако братот на таткото ја видел без труднички стомак во наводниот осми месец од бременоста, жената решила да купи лажен труднички стомак.

Таа пред судот тврдела дека останала бремена, но имала спонтан абортус во раната бременост. Лагата за бременоста ја објаснила со желбата да му се одмазди на мажот затоа што тој не сакал да одржува врска со неа.

Loading...

 

Leave a Reply