Лавров: Западот да ја признае одговорноста за ситуацијата во Авганистан

Сподели со своите пријатели

Русија очекува САД и НАТО да ја препознаат одговорноста за ситуацијата во Авганистан, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Loading...

„Загрижени сме поради обидите на фактори надвор од регионот да станат активни околу Авганистан. Целосното обединување на напорите на земјите од регионот и земјите од НАТО е можно само доколку Алијансата ја признае одговорноста за катастрофалниот исход од нејзиното воено присуство во Авганистан“, се вели во обраќањето на рускиот министер на 5-тиот состанок за Авганистан во „Московски формат“во Казан.

Неговиот говор го прочита специјалниот претставник на рускиот претседател за Авганистан, Замир Кабулов.

Лавров посочи дека земјите од Западот нанеле непоправлива штета на народот на Авганистан и затоа мора да го понесат најголемиот товар за обнова на земјата во постконфликтниот период.

„Во тој поглед, блокадата на авганистанските сметки спроведена од Вашингтон е контрапродуктивна и само ја влошува ситуацијата и уште полоши ги прави тешките услови во кои живеат Авганистанците“, рече Лавров.

Како што додаде, Москва смета дека враќањето на воената инфраструктура на САД и НАТО на територијата на Авганистан и соседните земји е неприфатливо, без оглед на причините за таквиот чекор.

На средбата во Казан учествуваат претставници на Авганистан и на соседните земји, јави Танјуг.