Лавицата по осум години заеднички живот го убила лавот

Сподели со своите пријатели

Зоолошката градина во Индијанаполис се обидува да утврди зошто лавицата Зури го нападнала и  убила лавот Нијак по осум години заеднички живот.

Зоолошката градина навела дека 12-годишната Зури го нападнала 10-годишниот Нијак пред отварањето за посетителите, пренесува АП.

Двајцата живееле заедно осум години и имале три младенчиња во 2015. година. Нијак е позајмен од зоолошката градина во Сан Диего.

Го возеше лавот на ветеринар, но на ова не се надеваше (видео)

Loading...

Персоналот на зоолошката градина наведл дека слушнале необично голем крик од просторот за лавови, по што се обиделе да ги раздвојат, но дека Зури го држела Нијак со забите околу вратот додека тој не престанал да се помера.

Аутопсијата потврдила дека Нијак умрел од давење по повреди на вратот.

Зоолошката градина навела дека дневните белешки на персоналот не покажуваат необична агресија или повреди од конфликт со Зури и Нијак.

Leave a Reply