На 16 и 17 април (вторник и среда) предвидено е во Куманово да се спроведе ларвицидна дезинсекција која има за цел уништување на ларвите на комарцире и дезинсекција против крлежи која го спречува ширењето на заразни болести каде како вектори се јавуваат истите.
– Со дезинсекцијата на крлежи ќе бидат опфатени јавните зелени и цветни површини во градот, со акцент на зеленилото покрај градскиот кеј, јавните институции и установи, плоштадот и градските паркови. Третираните површини ќе бидат видно одбележани и не се препорачува подолг престој на површините како за луѓе така и за животни, особено непосредно по извршувањето на третманот, стои во соопштението од Општина Куманово.
Доколку,временските услови не дозволат да се спроведат третманите на дезинсекција, тогаш истите ќе бидат одложени за наредниот ден.