Лајен: Исплатени три милијарди евра помош на Украина од планираните 18

Сподели со своите пријатели

Европската комисија денеска ја исплати првата рата од три милијарди евра од пакетот макрофинансиска помош од 18 милијарди евра за Украина.

Loading...

Одлуката ја соопшти претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен од Давос.

Комисијата вчера обезбеди три милијарди евра финансиска поддршка. Ова е првата транша од нашиот пакет за поддршка од 18 милијарди евра за 2023 година.

Ова ќе ја зајакне финансиската стабилност на Украина, ќе помогне во исплата на платите и пензиите и ќе обезбеди работа на болниците, училиштата и услугите за домување, рече таа во говорот во Давос.

Фон дер Лајен додаде дека ЕУ ги воведе најсилните санкции досега, поради што руската економија се соочува со деценија на регресија, а нејзината индустрија нема никаква модерна и критична технологија.

Нема да има неказнивост за руските злосторства. И нема да има прекин во нашата непоколеблива поддршка за Украина, од помагање за обновување на струјата, топлината и водата, до подготовката за долгорочни напори за реконструкција, рече Фон дер Лејен.

Како што соопшти Комисијата, станува збор за стабилна, редовна и предвидлива финансиска поддршка што ќе и овозможи на Украина да обезбеди макроекономска стабилност и да ја обнови критичната инфраструктура уништена од Русија во нејзината војна за агресија, како што се енергетската инфраструктура, водните системи, транспортните мрежи, патиштата и мостовите.

Идните исплати на Украина ќе изнесуваат 1,5 милијарди евра месечно, почнувајќи од март, и ќе бидат условени со задоволителен напредок кон спроведувањето на договорените реформски услови.

Loading...

За да ги финансира овие заеми, Комисијата позајмува од пазарите на капитал како дел од нејзиниот единствен пристап за финансирање.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.