Лада посилна од санкциите: Русите почнуваат да произведуваат автомобили без електроника

Сподели со своите пријатели

Во медиумите се појавија информации кои покажуваат во кој правец ќе оди руската автомобилска индустрија без соработка со Западот.

Loading...

Со се поочигледното повлекување на Рено, рускиот АвтоВАЗ, како најголем производител на автомобили во земјата, ги консолидира своите сили и се прилагодува на новонастанатата ситуација. Производството започнува во фабриките, почнувајќи со скратена работна недела од четири дена

 

 

Кога станува збор за недостигот на полупроводници и електронски автомобили, најдено е решение. Следејќи ги стапките на наводната легенда за тоа како Американците потрошиле милиони во вселенски трки за да развијат вселенско пенкало, а руските астронаути користеле обично пенкало, сега снаодливите Руси едноставно решија да ја отфрлат електрониката и да произведуваат автомобили како што правеа пред дваесет години.

Лада Гранта е релативно модерен автомобил, но сега е прва што започна еден вид детунирање. Покрај губењето на АБС и ЕСП, новата Гранта ќе се произведува и без воздушни перничиња, а ќе го загуби и системот за итни повици ERA-Glonass.

 

Loading...

 

Кога станува збор за екологијата, моторите на Лада ќе ги загубат сензорите за прилагодување на согорувањето, па стандардот за издувните гасови треба да падне. А за да заштедат време, решиле наводно да го намалат квалитетот на еуро 2, за што наводно нема посебни барања за тестирање како за повисоки стандарди.

Исто така, сега недостапни се сите делови што доаѓаа од надворешни кооперанти, па сите важни делови во иднина ќе ги произведуваат домашни компании. Истото важи и за моделите на Нива, а најверојатно и за Веста. Кога станува збор за Largus (Logan MCV) и кросоверот XRAY, решението не е целосно пронајдено.

Првите примероци на поедноставената Лада треба да пристигнат на пазарот во рок од еден месец.