Купил напуштена зграда во Њујорк, па на еден од катовите пронашол вистинско богатство (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кога купил напуштена стара зграда за канцелариите на неговата адвокатска фирма во Њујорк на крајот на 2020 година, Американецот Дејвид Витком немал поим дека дотраените sидови на трикатната зграда кријат повеќе од илјада стари уметнички дела, вредни стотици илјади долари…

Loading...

Додека ја уредувал зградата, забележал, рече Витком, дека таванот е спуштен на третиот кат и очекувал, како што вели, да најде стари греди…

Наместо безвредно дрво, Виткомб пронашол вековно студио од фотографот Џејмс Елери Хали со повеќе од 1.000 антиквитети – камери и друга фотографска опрема, мебел, антички декор и портрети од 20 век, вклучувајќи и редок портрет на феминистичката икона Сузан Б. Ентони…

 

 

Со пронајдените предмети во моментов управува аукциската компанија One Source Auctions, чиј менаџер за Insider потврдил дека се ќе излезе во продажба на аукцијата на 18 септември, и додаде дека претпоставува дека целата колекција вреди помеѓу 150 и 200 илјади долари.

Според Њујорк тајмс, зградата била купена од Виткомб за 100.000 долари, а првата конвенција за правата на жените била одржана во 1848 година.

Loading...

– Сите се надеваат дека еден ден ќе го најдат богатството, и јас навистина успеав! – коментираше среќниот пронаоѓач.