Кумановското одделение на Дирецкијата за заштита и спасување со апел до граѓаните

Сподели со своите пријатели

Подрачно одделение за заштита и спасување Куманово поради сушата и невообичаено високите температури за овој период од годината, а со цел да се намали опасноста од настанување и ширење на пожари на шуми и други отворени простори, апелира до граѓаните да не се пали оган во шуми, на отворен простор и на необезбедени места.

Loading...

Воедно во апелот се препорачува да не се палат стрништа, меѓи и други површини, да не се фрлаат стаклени шишиња и друга стаклена амбалажа и отпад, да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал, да не се фрлаат остатоци од цигари и да се коси и отстранува сувата трева и друга сува вегетација.

Leave a Reply