Кумановското грозје некогаш се извезувало во Австрија

Сподели со своите пријатели

Во близина на Романовце на околу 160 хектари во 1962 година, се простирале плантажни лозја наречени „Пржар“ кои биле во сопственост на Земјоделскиот комибнат „Куманово“.

На плантажите покрај вински сорти грозје имало десертни. Особено вкусни и многу барани десертни грозја била „кралица на лозјето“, „јулски мускат“ и „афус-али“.

Кон крајот на август 1962 година биле извезени и првите пет вагони грозје кои биле наманети за пазарот во Австрија и некои други европски земји.

Во таа година во Кумановската околија вкупно 2.600 хектари површина биле со грозје, а приносот се движел од 3.000 до 4.000 килограми по хектар, бидејќи претходно во текот на летото во голем дел од кумановските села невреме со град уништило голем дел од насадите, па така очекуваните 7 тони по хектар не биле остварени.

Околу милион килограми грозје од кумановско биле откупени од Винарската визба „Македонија“, каде се произведувале познатите вина „Жилавка“, „Кумановка“ и „Ризлинг“, кои биле пробиени не само на југословенскиот туку и на европскиот пазар.

Кумановското вино добило и неколку меѓународни признанија и сребрени медали на саемите за вино.

Проект на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ за дигитализација на „Наш весник“
Извор: „Наш весник“ број 21 (сабота, 1 септември 1962. година)

Leave a Reply