Кумановските пожарникари вчера со низа интервенции

Сподели со своите пријатели

Пожарникарите на Територијалната противпожарна единица Куманово вчера имале низа интервенции, најмногу на запалена сува трева.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во атарот на селото Клечовце вчера  се запалила сува трева и смет. На терен излегле двајца пожарникари од Куманово со едно противпожарно возило и уште толку од ТППЕ Старо Нагоричане, при што огнот бил гаснат од 09:00 до 10:00 часот.

Сува трева горела и во атарот на селото Шупли Камен, каде во период од 09:20 до 10:50 часот интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило.

Во месноста Стари Лозја вчера горела сува трева. Тројца пожарникари интервенирале во период од 12:35 до 13:35 часот.

Во период од 12:50 до 13:40 часот, тројца пожарникари со едно противпожарно возило интервенирале на гаснење на сува трева на гробиштата во населбата Карпош.

И во текот на ноќта имало интервенција на запалена сува трева во Агино село. Во период од 02:25 до 04:25 часот интервенирале тројца пожарникари со ендо противпожарно возило.

Во моментот нема пожари, велат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Никола Ивановски

Loading...