Кумановските пазарџии на протест поради новиот закон (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Пазарџиите од кумановскиот зелен пазар денеска го блокираа булеварот „Трета МУБ“ во знак на револт од новиот Закон за  трговија на зелени пазари, а со кој од нив се бара да обезбедат лиценца за работа која чини околу 60 евра.

Loading...

Законот кој стапи на сила од почетокот на годинава, вели дека на пазарите не можат да работат само оние кои остваруваат хонорар, пензионери или вработени граѓаните.

Доколку пазарџиите имаат повеќе од една тезга, за секоја следна треба да доплатат 40 евра.

Кумановските пазарџии велат дека едвај обезбедуваат пари за закуп на тезгата, а не да платат и лиценци. Дополнително велат дека никој ниту ги информирал, ниту пак се консултирал со нив за законот.

– Ние бараме лиценците да се поништат 1100 евра јас сум земјоделец за мене се многу. Јас за парче леб не можам да заработам, имам четири деца. Пазарот е празен, кога јас не можам да излезам на крај што е со останатите што прекупуваат производи. Ова е за нас премногу, најмногу за земјоделците кои сами произведуваат. Излеговме овде за парче леб да извадиме-вели еден од пазарџиите.

Loading...

-Излеговме заради лиценците за тоа штрајкуваме да нема лиценци, не можеме тезга да платиме, која е 50 евра. Сега нема човек да влезе на пазарот, јануари, февруари немаме пари за исплатиме тезга. Измрзнавме, болни нема пари за лекови, а не лиценци да плаќаме од тоа живееме и јас и жената работиме овде, од земјоделство имаме 10 хектари, зеленчук произведуваме, децата не работат и сега какви лиценци да плаќаме и стаж, ние имаме стаж нека ни дадат пензија, но немаме години. Во маркетите се има овде наколку пазарот, тие доаѓаат и си пазар а на пазарот не доаѓа никој-дополни друг пазарџија

Пазарџиите истакнаа дека планираат да продолжат со протестите и наредните денови, се додека не се повлече законот.

Leave a Reply