Кумановските гимнастичари со одлични резултато од Државниот натпревар во Битола (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кумановските гимнастичари, членови на Гимнастичарскиот клуб „Атлета“ учествуваа на Државниот гимнастичарски натпревар во Битола каде освоија врвни резултати.

Loading...

Шестгодишниот Калин Илијевски е вицешампион, кој се закити со второ место по гимнастика  во категорија помлади пионери ( возраст од 6 до 9 години).

 

 

Милош Јовановиќ кој има осум години, освои петто место на државниот  натпревар по гимнастика во категорија помлдади пионери ( возраст од 6 до 9 години).

Шестто место освои осумгодишниот Матеј Стојановски во категорија помлади пионери(возраст од 6 до 9 години)

 

Loading...

 

Седумгодишната Ања Ристовска освои шестѕо место  во категорија помлади пионерки (возраст од 6 до 9години)

– Во Куманово гимнастиката се врати таму кај што и е местото на врвот. Гимнастиката сама по себе претставува многу тежок спорт но со голема посветеност, труд и максималниот фокус од страна на тренерите и гимнастичарите доаѓаат до израз добрите резултати, велат од клубот.

 

 

Сите млади што сакаат да се занимаваат со гимнастика може да бидат дел од клубот Атлета кој врши уписи на нови членови. За повеќе детали можете да ги контактирате тренерите  Филип Миленковски – 071 345 931 и Никола Златановски – 071 363 173.

Loading...

Никола Ивановски