Кумановскиот бенд „KHARA“ ќе го промовира вториот албум

Сподели со своите пријатели

Кумановскиот пост рок бенд „KHARA“ на 21ви септември ќе го промовира својот втор албум под насловот „Heaven can wait“.

Промоцијата ќе се одржи со целовечерен концерт на групата во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ со почеток од 21 часот.

Билетите ќе бидат достапни во кафулињата „Агора“ и „Трговски“ по цена од 100 денари.

Од бендот ги повикуваат љубителите на овој тип на музика да го посетат концертот, а тие ќе им возвратат со својата одлична музика.

Leave a Reply