Кумановската полиција спречи крумчарење на 33 мигранти

Сподели со своите пријатели

Регионалниот центар за гранични работи Север, преку СВР Куманово, поднесе кривична пријава против А.А.(26) од село Љуботен, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Loading...

Како што информираат од кумановската полиција, на 14.06.2019 година во 22.00 часот на ул.„Индустриска“ во Куманово, при контрола на товарно возило „Фиат Дукато“ со струмички регистарски ознаки, управувано од пријавениот, полициски службеници oд СВР Куманово пронашле 33 лица-мигранти, меѓу шест биле малолетници. А.А. бил лишен од слобода и од судија на претходна постапка одреден му е триесетдневен притвор.

Leave a Reply