Кумановската полиција го одбележа Денот на превенцијата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово денеска го одбележа 9ти декември, Денот на превентивна работа на полицијата.

Loading...

Со целонеделни активности беше одбележан овој значаен дел од работењето на кумановската полиција, а вчера беше организиран и турнир на родители и ученици во одбојка.

– Целата оваа недела ја нарековме недела на превентивни активности која што се одбележа со мешана патрола, учество на родители и полициски службеници во обиколка на угостителски објекти и места на отворен простор каде малолетните лица во ноќните часови се собираат и престојуваат, со една трибина која се одржа во сала на Совет на Општина Куманово на тема „Болести на зависности, препознавање, помош и заштита“, изјави Виолета Богдановска, началник на Отсек за превенција при СВР Куманово.

Во следните денови следуваатповеќе активности во рамките на истата недела, како што е посета на ученици во СВР Куманово и трибини на повеќе теми од безбедноста на граѓаните.

Следниот викенд ќе се одржи и турнир во мал фудбал на кој ќе учествуваат членови на општински совет за детско претстапништво, ученици, наставници и родители и сите заинтересирани граѓани.

Како што вели Богдановска 2019 година е година со едукативни јавни настани, со цел преку креативни активности да се потикнат граѓаните од најмала до највозрасна категорија.

– Оваа година ја одбележа формирање на Општинскиот совет за превенција од детско претстапништво кој иако само неколку месеци како е формиран има значителни активности. Општинскиот совет за безбедност во сообраќај на патишта, кој и во изминатите години беше активен, но оваа година навистина имаше во делот на безбедноста на сообраќајот и секако новоформираната локална комисија за борба против трговија со луѓе и илегална емиграција со која очекуваме добри резултати во работа на следната година, изјави Богдановска.

На локално ниво, сите институции, локалните самоуправи и Советите на општините имаат добра соработка и поврзаност, со цел, како што вели Богдановска да се зголеми безбедноста на граѓаните.

Loading...

Leave a Reply