Кумановската полиција денеска дарува крв

Сподели со своите пријатели

Вработените во Секторот за внатрешни работи Куманово денеска даруваа крв на првата крводарителска акција за оваа година, организирана од страна на Отсекот за превенција, а која се одржа во просториите на кумановската полиција.

Loading...

Акцијата започна утринава во 9 часот во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Општинската организација на Црвениот крст од Куманово.

Околу триесетина крвни единици беа собрани во првите два часа од акцијата, која треба да трае до 14 часот.

Како што информираат надлежните се очекува до крајот на акцијата во 14 часот, да бидат соберени околу 70 крвни единици.

Ова е првата од предвидените три крводарителски акции кои согласно годишниот план на Министерството за внатрешни работи, треба да ги спроведат полициските службеници.

Leave a Reply