05.06.2019 15:09

Кумановската бања некогаш најпосетеното туристичко место во градот


Во летото 1964 година Кумановската бaња била најпосетуваната туристичка локација во целата околина, а имала и рекорден број на посетители.

Секој кумановец бил излетник до Кисела Вода, а околу 9 илјади гости од други места престојувале на лекување или одмор во бањата.

loading...

Кумновската бања е позната уште од 19 век

Во хотелите на бањата со капацитет од 105 легла, почнувајќи од мај биле остварени 7.800 ноќевања, од кои само во август имало над 2.500. ако кон бројката се додадат и оние што биле сместени во приватни станови во Проевце и Куманово, излегува дека биле остварени 15.000 ноќевања.

Од гостите најмногу биле Македонци над 1.200, околу 500 биле Срби, приличен број имало од Словенија, а нешто помалку од Црна Гора, Хрватска и Космет. Во бањата престојувале и стотици странци. Во празниците и топлите денови можеле да се забележат по неколку илјади излетници и по стотици патнички коли на паркингот околу бањата.

Силниот подем на некогашниот Тутунски комбинат Куманово

Исто така летниот ресторан на бањата бил секогаш добро посетен, дури многу пати не можело да се најде слободно место.

Интересот за бањата секоја година бил поголем, а во 1964 година имало над три илјади гости од други места повеќе во споредба со 1963 година. Дневно во базенот се капеле по 500 лица, а во некои денови и повеќе. Според продадените билети, во бањата вкупно се капеле над 40.000 лица.

Извор: „Наш весник“ број 72 (четврток, 15. октомври 1964. година)
Проект на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ за дитигализација на „Наш весник“


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments