Силниот подем на некогашниот Тутунски комбинат Куманово

Сподели со своите пријатели

Во почетокот на шеесеттите години на минатиот век Тутунскиот комбинат Куманово го бележал својот најголем подем, уште на самиот старт на своето работење.

Оваа фарбика својот погон за производство на цигари го отвора во 1961 година со сопствени средства. Погонот требало да произведува 50 тони цигари годишно, но успеал за две години да произведува пет пати повеќе.

Биле набавени машини и преку сопствен центар за обука и прекфалификација биле создадени и првите работници. Во 1963 година во фабриката работеле околу 100 лица, а остварила приход од 1,5 милијарди динари. Биле набавени и нови за тоа време софистицирани машини кои го модернизирале и зголемиле производството за дополнителни 25 отсто.

Најголема побарувачка постоела за цигарите „Драва“, и „Зета“, а добро се трошеле и „Балкан“ и „Стандард“.

Тутунскиот комбинат денеска се распаѓа, од него е украдено скоро се што било вредно, но сепак актуелната Влада ја усвои иницијативата за негово повторно реставрирање.

Проект на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ за дигитализација на „Наш весник“
Извор: „Наш весник“ број 39 (сабота, 1 јуни 1963. година)

Leave a Reply