Кумановска фирма ќе одговара за измама, даночно затајување и оштетување туѓи права

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Д.М.(36) од Куманово и ДПТУП „АРГО-ДД“ ДООЕЛ Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени продолжени кривични дела „оштетување туѓи права“, „измама“ и „даночно затајување“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во периодот од 2010 до 2014 година, првопријавената, како сопственик и управител на второпријавеното правно лице, за да го одбегне плаќањето на закупнина на ДПТУГ „НЕО-КОМПАНИ“ ДООЕЛ експорт-импорт Куманово, и обврските по основ на Данок на додадена вредност кон Управата за јавни приходи, односно за да го спречи остварувањето на правата врз машини коишто биле гаранција за наплата на обврските кон ДПТУГ „НЕО-КОМПАНИ“ ДООЕЛ експорт-импорт Куманово и УЈП, превзела дејствија со коишто извршила лажно прикажување и прикривање на факти, со што второпријавеното лице, станало несолвентено и со тоа било доведено во состојба на неможност да се исплатат обврските.